Денеска по повод завршување на кампањите за претседателски и парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи голем народен митинг во општина Прилеп во 20,30 часот на градскиот плоштад.
Пред граѓаните во Прилеп свое обраќање ќе имаат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседателка на Република Македонија, Александар Николоски, носител на ИЕ 4, Дејан Проданоски, кандидат за пратеник, Петар Ристески, кандидат за пратеник, Билјана Кузманоска, кандидатка за пратеничка и Никола Златески, кандидат за пратеник.
Гласањето на седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори треба да се спроведе на 3.480 избирачки места во државата.
На претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 гласачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, a на парламентарните избори 1.815.350 избирачи.