ВМРО-ДПМНЕ со голем народен собир во Охрид ја почнува кампањата за парламентарните избори

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ вечерва традиционално со голем народен собир во Охрид ја почуваат кампањата за парламентарните избори од Охрид.

Со почеток во 20 часот на настанот кој ќе се одржи на Градскиот плоштад во Охрид свое обраќање ќе имаат Ѓорѓија Сајкоски, носител во Петтата изборна единица, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска- Давкова и претседателот на партијата проф. д-р Христијан Мицкоски.

Силјановска-Давкова пред граѓаните во Охрид ќе ја презентира програмата за претстојните претседателски избори.

Advertisements

На денешната агенда е и увид на градежните активности во поранешната касарна во Охрид од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.