„Република Северна Македонија заедно со своите НАТО партнери мора да води договорна политика за некаков баланс на оружјето во нашиот регион бидејќи несериозно е Косово да има поголема воена техника отколку Северна Македонија“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-Народна партија.
Од партијата нагласуваат дека ја поддржуваат политиката на поддршка на Украина, но воедно апелираат дека се врши големо обезоружување на нашата држава.
„Во последниве месеци повеќе пати слушаме дека Северна Македонија и подарува на Украина тенкови, авиони, хеликоптери и артилерија па сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека сто проценти од ова оружје е набавено од Владата на господинот Георгиевски, која патем нема никаква допирна точка со денешното ВМРО-ДПМНЕ, дел како подарок од Бугарија, а другиот дел по многу евтина цена од Украина“, се вели во партиското соопштение.
ВМРО-НП потсетува дека Југословенската армија, под контрола на Слободан Милошевиќ, претходно изнесе од Република Македонија оружје во вредност од неколку милијарди долари со што го направи, како што велат од партијата, најголемиот грабеж во историјата на нашата државата.
„Исто така сакаме да нагласиме, кога сега читаме дека за осум хеликоптери ќе бидат потрошени над 200 милиони евра, потсетуваме дека сите авиони и хеликоптери кои беа купени во тоа време не ја надминуваа цената од 20 милиони евра па и покрај сето тоа тогаш трпевме критика дека сме купиле старо оружје по многу скапа цена.