Вмровски адвокат поднесе иницијатива до Уставен, Левица бара намалување на сите привилегии – Димитар Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека адвокатот кој поднел иницијатива до Уставен суд да се укинат законските ограничувња и функционерите да земаат поголеми плати е близок до ВМРО-ДПМНЕ.

„Левица поднесе три закони за намалување на привилегиите на функционерите (патни трошоци на пратеници, плати на судии, апанажа) и куп иницијативи пред Уставен суд за измислени функции без уставен основ. Пратениците на Левица се единствени со НУЛА денари патни трошоци и трошоци за службен стан или службени патувања. Ама, баце, Левица била крива шо Уставен суд донел одлука по иницијатива на некој вмровски адвокат – оти немала „соопштение”!?

Тоа е! Не е крив Заев шо го шитна името, крив е Апасиев шо паркира пред зграда.
Фала и кај вас. Борбата продолжува“, реагира Апасиев на Фејсбук.

Според одлуката на Уставниот суд функционерите се очекува да добијат зголемување на платите за 78 отсто, што предизвика бура од реакции во јавноста.

Advertisements