Во Антикорупциска има 15 предмети за изборите, меѓу нив за хеликтоперите и за амбулантни возила

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредна 230 милиони евра и за набавката 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство, пишува Слободна Европа, повикувајќи се на изјава на Татјана Димитровска, претседателка на комисијата.

За два тендера и уште 13 други предмети поврзани со изборите Комисијата за спречување на корупција отворила предмети. Некои се по допрен глас, други по пријава. Законите регулираат што (не) смее да се прави од кога ќе се распишат изборите па додека завршат, но правилата вешто се заобиколуваат

„Отвораме предмети на сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите, за актуелни случаи пред избори. Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска.

Хеликоптерите се од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“. Договорот со компанијата треба да биде потпишан до крајот на март. Целата испорака треба да биде завршена заклучно со 2028 година.