„Во Македонија да си левичар значи да си храбар човек“ – Ванковска со импресии за првиот ден од кампањата

Се враќаме кон Скопје после еден долг и исполнет ден… Првиот ден од кампањата ни мина прекрасно. Ден поблиску до целта! Средба со обични, намачени и храбри луѓе. Бидејќи во Македонија да си левичар значи да си храбар човек…, објави на Фејсбук професорката Билјана Ванковска, кандидатка на Левица за претседателка на Македонија.

„Првата средба во Радовиш од каде заминав со подарок за моето дворче: неколку каранфили и палма. Од рацете на една жена која знае колку си го сакам дворчето. Друга пак на улица срдечно ми заблагодари за сите колумни кои ја радувале досега.

На крајот, мојот прв политички говор без потсетник и концепт пред преполната сала на Културниот дом во Струмица. Зграда изградена по повод 25-та годишнина од АСНОМ! А атмосферата немам зборови да ви ја опишам!!! Зрачеше со позитивна енергија и борбен левичарски дух! Говори какви што нема да чуете никогаш и никаде! Без фрази, без патетика, без празни шумови! И звуците на нашата химна, на Интернационалата – и се разбира, „Во борба, македонски народе” – сѐ уште ми одѕвонуваат.

Advertisements

Се радувам на секој нов ден! Во борба!“, порача Ванковска.