Во Македонија нема небезбедни газирани пијалоци, Агенцијата за храна ја следи состојбата по труењето во Хрватска

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) како контакт-точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF до овој момент нема добиено известување дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

Во изјава за Макфакс, оттаму информират дека како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска.

„Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи“, истакнуваат од оваа институција.

Advertisements

Инаку, како што објавивме претходно, неколку пациенти завршија во болница во Хрватска поради сомневање за труење со сода.
Министерот за здравство Вили Берош изјави дека од вчера во КБЦ Загреб има уште четворица пациенти, еден е во болницата Виноград и еден во Вараждин и дека треба да се утврди дали сите се поврзани со конзумирање на различни пијалоци.

Полицијата извршила истраги на Природно-математичкиот факултет во Загреб, каде наводно млад човек бил отруен од пиење. Индекс дознава дека денеска има вкупно шест нови сомнителни случаи, но никој не е хоспитализиран. Хрватскиот институт за јавно здравје добил мостри од безалкохолни пијалоци кои биле доставени од Санитарната инспекција по извршениот увид во кафуле во Риека каде неодамна му се слошило на едно лице, а резултатите од анализата ќе бидат доставени до Државниот инспекторат.

Министерот за здравство Вили Берош на новинарско прашање дали граѓаните можат да бидат безбедни одговори: „Не можам да го кажам тоа во моментов, ниту некој, имаме два пијалоци во два града, флаширани во две земји… Најдобро е да се пие вода“.