Во пожар во Велес настрада 67 годишен маж

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 5 часот во СВР Велес е пријавено дека во куќа на ул. „Васа Кошулчева“ во Велес настанал пожар, при што во една од просториите е пронајден починат Д.Н.(67) од Велес, кој живеел во куќата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт како последица од пожарот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Велес. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По насоки на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Advertisements