Во Скопје 211 сообраќајни прекршоци, 81 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштуваат од МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас.

Advertisements

МВР најавува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, притоа апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се допринесе за посигурни патишта