Прес конференција на кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова.
Во своето обраќање професорката Силјановска се заблагодари на сите граѓани кои денеска и ја дадоа довербата, им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата, на новинарите поради објективноста во известувањето.
Според првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница од обработени 71,19 проценти од гласовите, односно 2 490 од вкупно 3 508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 247 366 гласови (39,15%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 121 228 гласови (19,19%).
Трет е Бујар Османи од ДУИ со 92 135 гласови (14,58 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 66 262 гласови (10,49 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 53 223 гласови (8,42 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 28 445 гласови (4,50 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5 467 гласови (0,87 %).
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...