Возачот кој пијан на пешачки ја прегази малата Магдалена доби 18 години затвор

Возачот Ангелчо Николов кој ја прегази 11-годишната Магдалена и ја усмрти, доби 18 години затвор за двете дела за кои се гонеше од Обвинителството. Тој доби и забрана за управување со моторно возило.

На Николов му е изречена мерка притвор бидејќи судот сметаше дека тој може да избега ако биде на слобода.

Судијките посочија дека во предвид ги зеле последиците, смртната последица, однесувањето на сторителот откако ја прегазил Магдалена и нејзината мајка, како и умислата.

За судот немаше олеснителна околност во тоа што по 30 часа возачот се сам се јави во позиција, а откако претходно беше во бегство. Тој бил и претходно казнуван за сообраќајни прекршоци и му била одземана возачката.