Вработените во скопскиот Здравствен дом се лекуваат приватно, директорите не им платиле здравствено осигурување – ВМРО-ДПМНЕ

Вработените во Здравствен дом Скопје кои утрово имале потреба од здравствена услуга, биле принудени да си платат приватно за прегледот и реализација на рецептите, објави Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Медицинскиот директор, Виктор Исјановски и организацискиот, Вулнет Селими кој е назначен од министерот Меџити, наместо да ги заплашуваат и казнуваат вработените од одредени поликлиники повторно во време на финансиска криза и инфлација, дополнително ги деградираат и демотивираат здравствените работници во оваа ЈЗУ и покрај лошите услови во кои работат. Вака ли Селими и Исјановски се грижат за персоналот и кој го контролира и кој ќе го санкционира нивното ненавремено извршување на работните обврски“, се наведува во соопштението.