Вработените во УЈП и Царина на штрајк за поголеми плати – ако не ги добијат ќе се случи хаос

Вработените од УЈП од денеска па секој нареден ден од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски на работното место. Најавија и дека веќе се влезени во постапка за организирање на генерален штрајк. Тие бараат покачување на платите за 30 отсто.

Според синдикалната организација на ваботените во Управата за јавни приходи за 14 години платите им биле корегирани само за 5%, а во последните 4 години немало никакви корекции.

Ако не се исполни договреното ќе бидат принудени да одат на генерален штрајк со целонса блокада на нивната работа. Ако се случи генерален штрајк, тоа како што велат од Синдикатот на УЈП, ќе предизвика сериозни последици во секојдневното функционирање на државата со оглед на тоа што учеството на Управата за јавни приходи во вкупниот државен буџет на земјава е 62,3 отсто.

Advertisements

Како што објавивме претходно, за утре, протест најавија и вработените во Царинската управа. И тие бараат зголемување на платите и рекоа дека доколку не се слушне нивното барање, ќе се радикализираат, па дури и ќе затворат дел од граничните премини.

Вработените на УЈП претходно излегоа на предупредувачки протест пред министерството за финансии. Побараа средба со министерот Бесими, но тој не ги прими со образложение дека се подготвува општ колективен договор и дека во овој период не можат да преговараат за поединечни случаи.

Вработените тврдат дека претходно со министерството бил постигнат договор, но од непознати причини тој се уште не е потпишан од Бесими.

Тие велат дека во преговорите дури и се откажале од некои свои права.  Документот го пратиле до финансии, но е  нејасно е зошто Бесими  не го потпишува.