За Гордана Силјановска Давкова гласале 362.682 граѓани, за Пендаровски 180.306 – првични резултати на ДИК

Според првичните резултати што постојано ги објавува Државната изборна комисија (ДИК) од преброени гласови од 99,03 отсто од избирачките места Гордана Силјановска Давкова освоила 362. 682 гласови – 40,08 проценти, додека Стево Пендаровски 180. 306 гласови односно 19, 93 проценти.

По победата професорката Силјановска Давкова се заблагодари за огромната поддршка од граѓаните и потсети дека постојано повикуваваше на владеење на правото, но уште повеќе на единство во државата.

„Запомнете, јас ќе соработувам со партијата што ме предложи, со премиерот, со министрите, но ќе соработувам и со опозицијата, со невладиниот сектор, со медиумите. Ве уверувам дека ќе се обидам дека секој ден и секому да покажам и докажам дека сум таму заради Македонија. Сакам да бидат на мене горди, бидејќи јас ќе го докажувам тоа. Македонија не може да биде само моја, туку на сите вас“, изјави Силјановска Давкова на прес-конференцијата вчера вечер,

Advertisements