За многу години Велигден – Владо Мисајловски, носителот во „двојката“ кани на голем велигденски хепенинг во Ѓорче Петров

Велигденски хепенинг ќе се одржи утре во скопската населба Ѓорче Петров, најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски.

„Почитувани пријатели, ве покануваме утре во 18.00 часот во паркот во Ѓорче Петров на ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ, како последен настан од нашата кампања во изборната единица 2.

Од прв ден започнавме со позитивна кампања и од се срце сум ви благодарен за секој изминат ден на терен, а посебно за вашата поддршка што ни ја давате постојано.

Advertisements

Ве покануваме сите на дружење и забава за сите генерации да покажеме дека на 8ми мај заедно можеме да ја направиме МАКЕДОНИЈА повторно горда и повторно твоја.

Се гледаме утре! За многу години ВЕЛИГДЕН“, честита Мисајловски.

На настанот ќе настапат Драган Мијалковски, Таско, Пајак, Малена, Бојана Скендеровски, ДНК и Либеро бенд.