Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил реагира по повод вчерашниот говор на Али Ахмети, каде што вели дека ВМРО-ДПМНЕ да не сонува дека ќе направи мнозинство со Левица.
Ковачки на Ахмети му посочува три работи.
„За нова влада не одлучува Ахмети туку народот на избори. Власта ја дава и зема само народот на избори, затоа толку многу се плашат и бегаат од соочување со народот.
Правилото на коалицирање на победник со победник не важи и никаде не е запишано, па стравот на ДУИ од ортачките криминали со СДС затоа им е се поголем.
„Добро е што со ваквите изјави си ги откриваат спотерите и асовите во политиката, но ВМРО оваа влада ќе ја сруши заедно со народот,“ се вели во Фејсбук објавата на Ковачки.
Тој најавува и одговорност за „нртачкиот кримнал“, притоа посочувајќи дека „сојузот за Европа“ веќе е создаден.
„Ортачкиот криминал, значи и ортачка одговорност, веднаш по падот на оваа најкриминална влада. А што се однесува до мантрата дека Ахмети ќе создавал сојуз за Европа, на сите им е јасно дека е создаден сојузот за Европа. Оваа влада на ДУИ (во која Ковачевски е статист), е најодговорна за секојдневните масовни иселувања од Македонија токму во Европа“, пишува Ковачки.