За три дена 3 тепачки – во Марино за гуша се фатиле двајца браќа, биле натепани и двајца малолетници

Министерството за внатрешни работи попладнево информира дека кавга меѓу двајца браќа од скопското село Марино се претворила во тепачка, соопшти МВР.

„На 27.02.2023 во 23.05 часот било пријавено дека во с.Марино, скопско, по претходни недоразбирања, Д.Т.(35) бил физички нападнат од неговиот брат А.Т.(38). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, вели полицијата.

МВР информира и за неколку други тепачки кои се случиле во скопско.

Advertisements

На 28.02.2023 во 01.10 часот било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.В.(21), од една страна, и И.Ј.(48) и Д.Р.(44), од друга страна, сите од Скопје.

На 26.02.2023 во 18.50 часот Н.О.(45) од с.Долно Коњари, скопско, пријавил дека во с.Петровец, скопско, по претходна расправија, неговите двајца малолетни синови биле физички нападнати од две лица, од кои едното им одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Н.(45) од с.Вруток, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 11.01.2023 во угостителски објект во Гостивар, пријавениот физички ги нападнал сопственикот и полициски службеник кој преземал службени дејствија.