Заев, Бучковски и Шекеринска му се идеолошки татко на Лефков, а не Груевски – премиерот од собраниската говорница

Премиерот Димитар Ковачевски на седницата во Собранието откако претходно доби неколку прашања од пратеникот Миле Лефков наместо одговор тој му возврати на опозицискиот пратеник дека бил член на СДСМ, а сега се прави поголем вмровец од вмровците.

„Идеолошки татко на вас сите точно е дека ви е Никола Груевски и Сашо Мијалков. Ама една дигресија, идеолошки татко на Миле Лефков не му е ниту Груевски ниту Мијалков. Идеолошки татко му е Зоран Заев, Владо Бучковски и Радмила Шекеринска зошто беше член на СДСМ. Знаете зашто мора да прави ’глупи Август‘ од себе – за да се направи поголем вмровец од вмровците“, рече Ковачевски.

Лефков претходно го праша Ковачевски зошто молчи за богатството кое се трупа околу првиот вицепремиер.

Advertisements

„Зошто Владата предводена од Вас нема никаков став по бројните скандали кои излегоа во јавноста? Како блиски луѓе на Груби добиваат акредитации за лабораторија? Како се дозволува да трупаат милионски бизниси и имот додека народот осиромашува? Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра кога негова фирма четири години работи со загуба? Кое е потеклото на парите? Како бирото за метрологија набавува мобилна лабораторија три пати поскапо кога е водено од директорка блиска на Артан Груби? Како грдни пари за хонорари се одлеваат од министерството предводено од Груби“, рече Лефков.