Лавина реакции предизвика одлуката на Основниот кривичен суд Скопје за запирање на кривичната постапка за случајот „Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување.
Со ова, како што објавивме претходно, застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување, во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата, а трошоците за водењето на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот.
Во контекст на оваа судска одлука која дополнително ќе влијае во намалувањето на и така малата доверба во судството аналитичарот и поранешен министер Џевдет Хајредини потсетува како на власт дојде Зоран Заев – само со присушуваните разговори на Мијалков.
„Токму и само со прислушувањата на Мијалков, Заев дојде на власт и обезбеди и по него, СДСМ со Ковачевски, кого, не случајно, го донесе од корумпираниот ТЕЛЕКОМ, заедно со Али Ахмети да се одржат на власт.
Поради ова и со амнестијата на сите други корумпирани криминалци, дефинитивно, од владеењето на правото и борбата против корупцијата во Македонија, не треба ништо да се очекува“, реагира Хајредини.