Загина возач на автомобил во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Куманово.
Полицијата информира дека несреќата се случило утрово.
„На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(24) од Скопје, удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото“, с евели во извештајот од полиција.
На самото место починал возачот. Смрт констатирала Итната медицинска помош.
Кога возилото удрило во столбот се случил пожар на кој интервенирале четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово и вработени во наплатната станица.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.