Закани по живот добил штипскиот градоначалник Јорданов

Во штипската полиција синоќа во 22.45 минути градоначалникот на Штип, Иван Јорданов пријавил закани за неговата лична безбедност, објави порталот ММС.

Од МВР за ММС ја потврдиле пријавата на штипскиот градоначалник, на кого, исто така му биле исечени сите четири гуми на личното возило.

Градоначалникот Јорданов не бил достапен за коментар за сомневањата за можна инволвираност на некој. Неофицијално, како што пишува ММС, заканите доаѓаат од едно лице.

Advertisements