Збеснат бик нападнал брачен пар во делчевско – од страв се качиле на дрво

Драматични сцени како на филм за шпанската корида се случувале во средата во делчевското село Град, пренесува ММС.

Извори на ММС информираат дека двајца сопружници биле нападнати од бик на соседот додека работеле во овоштарникот. Бикот бил толку збеснат што преплашени успеале да се качат на дрвјата и така спасиле жива глава.

Advertisements

Бикот беснеел по овоштарникот, ги тресел дрвјата на кои се качиле сопружниците, а го оштетил нивното возило.

Во целиот хаос, страв и паника, двајцата луѓе успеале да повикаат пријател да им помогне, пренесува ММС. Дошла и полиција, па го повикале и сопственикот, кој успеал некако да го смири бикот. На сопственикот ќе му биде поднесена кривична пријава за делото „предизвикување општа опасност“.