Здравствените работници бараат за 30 отсто поголeми плати, Синдикатот тврди дека има невидени притисоци

Зголемување на платите за 30%, корекција на Колективниот договор,  бенефициран стаж, четири отсто инфективен додаток и поголема заштита за здравствените работници бара Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).

Синдикалците се жалат дека има голем притисок врз вработените, но и покрај тоа, тие најавуваат протести ако не им се исполнат барањата.

-После три недели ќе организираме протестен марш на здравствените работници кои од просториите на конфедерацијата до Владата ќе го искажеме нашето незадоволство, вели Гоце Делчев, главен генерален координатор на сите независни синдикати во конфедерацијата во КСОМ.

Advertisements

– Во Клинички Центар, Здравствен дом Скопје, Крушево и Неготино се видоа невидени притисоци врз нашите членови. Сакаат на било кој начин да ги отргнат од овие пресови и протести затоа што на некој ова му смета. Мое лично мислење е дека министерот за здравство во овие работи што ги набројав нема никаква улога, вели Лазе Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија.