По трагедијата во општината Илинден што вчера вечер ја потресе јавноста, а во која животот го загуби малолетно лице, градоначалникот Александар Георгиевски во изјава за ТВ 24 изрази сочувство до семејството на настраданото дете.
Тој според информации од официјалните институции раскажа што се случило кобната вечер.
– Вечерва во Илинден се случи страшна трагедија каде едно малолетно лице го загуби животот. Според информациите што ги добив од МВР и ПП бригада, до трагедијата дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден и при тоа дошло до струен удар од високиот напон каде на лице место животот го загуби малолетно девојче. Во моментов таму увид врши јавен обвинител и другите надлежни органи. Во овој момент можам само да изразам жалење за целиот настан и воедно да изразам длабоко сочуство до семејството на настраданото дете – изјави вчера вечер градоначалникот Георгиевски.