Скопското јавно обвинителство информира дека постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата Исаија Маџовски, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство.
Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство на свиреп начин, велат од ОЈО.
Против осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот ќе биде поведена истрага за кривично дело убиство, како и за тешки дела против општата сигурност
Обвинителството за него ќе предложи притвор како мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
За неговата 59-годишна мајка, како соизвршител, поведена е истрага за тешки дела против општата сигурност. Таа беше уапсена и по предлог на јавен обвинител, определен и е притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги скорие или уништи трагите од делото или дека ќе влијае врз сведоците“, извести Обвинителството.