„Жителите од Гора не се ништо друго освен Македонци“ – повик од македонското друштво Илинден за пописот

„Ги повикуваме Македонците во областа Гора и цела Република Косово, на пописот на населението и домаќинствата, што почна денеска и ќе трае до 17 мај годинава,  да се попишат она што од секогаш биле – Македонци, со мајчин македонски јазик“, пишува во повикот на македонско друштво Илинден од Тирана, Албанија.

„Жителите во  областа Гора, не се ништо друго, освен етнички Македонци, дека се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од македонскиот народ.Ги осудуваме напорите на бугарските власти за притисоците врз Македонците на Косово, да се попишат како етнички Бугари. Исто така потсетуваме дека етнички Бошњаци и Бугари во областа Гора никогаш во неговата историја немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Република Албанија“, наведува друштвото, во повикот потпишан од претседателот Никола Ѓурѓај.