Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) претпладнево одржаа предупредувачки протест од кој побараа повисоки плати за 30 отсто.
„Овој прекин на работа е само еден жолт картон на раководството во Министерството за финансии кое и покрај преговорите што ги имавме во изминатиот период, никако да ни ги одобри нашите барања што ни следуваат согласно закон“, вели Сашо Велковски, претседателот на синдикалната организација во регионалната подружница на УЈП-Штип.
Тој посочува дека трошоците за живот континуирано растат, а платите на вработените во УЈП се исти со години. Доколку нема зголемување, вели, вработените се подготвени и за порадикални чекори, односно ќе продолжат со протести и генерален штрајк.