Знае ли Меџити дека живее во Македонија, должен е да се обраќа на македонски јазик – Левица бара казна за министерот

Фатмир Меџити, министерот за здравство на службениот фејсбук профил на македонската јавност ѝ се обраќа на албански јазик. Односно, сите текстови се напишани на албански јазик, а потоа е даден превод на македонски јазик или, пак, воопшто нема превод“, велат од Левица во својата писмена реакција до медиумите.

„Со ваквиот однос кон употребата на македонскиот јазик, кој е службен на цела територија на Македонија, тој го крши Законот за употреба на јазиците, според кој македонскиот литературен јазик со неговото кирилско писмo е прв службен јазик за официјална употреба. Не e дозволено неговото непочитување од страна на функционери кои  се поставени на високи позиции во владејaчката структура. Министерот и во својот опис на официјалниот фејсбук профил единствено пишува на албански јазик, што е експлицитно непочитување на македонскиот народ и држава.

Го потсетуваме министерот Меџити, на кого непрекинато го следат скандали во краток период, дека живее и работи во Република Македонија и според постоечкиот Закон за употреба на јазиците, должен е секое негово писмено обраќање до јавноста, да биде пред се’ на стандарден македонски јазик со употреба на стандарден правопис и кирилско писмо.

Advertisements

Левица јавно прашува каде се надлежните институции соодветно да реагираат и да го санкционираат министерот Меџити за ваквиот скандалозен и неприфатлив однос кон македонскиот јазик. Очигледно е дека СДС е само малцински партнер во Владата предводена од ДУИ и заради мирот во коалицијата, го одобрува ваквото газење и негирање на македонскиот идентитет и достоинство“, се вели во реакцијата на Левица.