Зошто Обвинителството му затвори врата на професорот Гордан Калајџиев и на Вилма Русковска?

Обвинителките Вилма Русковска и двете нејзини колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска против кои е поведена дисциплинска постапка денеска дале исказ пред надлежна комисија и предложиле докази  наспроти тие на државниот обвинител Љубомир Јовески, кој побара да одговараат за дисциплинска повреда при претресот во Финансиската полиција.

Русковска го предложила професорот по кривчно право Гордан Калајџиев како експерт во постапка за да даде правно мислење дали се повредени нормите од Законот за кривична постапка, но овој предлог на поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал, членовите на дисциплинската комисија го отфрлиле.

Обвинителството е категорично дека органот кој ја води постапката го применува законот и правните норми во него.

Advertisements

Калајџиев, како што јави Телма, потврди дека утрово дошол во обивнителството, но би вратен. Со оглед на тоа што исходот од постапката може да биде и разрешување, професорот смета дека требало да се дозволи сведочењето.

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Русковска, предложила универзитетскиот професор Гордан Калајџиев да биде сослушан