Зошто се тргнати истражителите од случајот „Беса Транс“ и пасошите откако дојде новиот шеф на обвинителството Ислам Абази?

Истражителите кои работеа на предистрагата против станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”, но и по пријавата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со непотпишување на забраната за работа на „Беса транс“, се тргнати од Истражниот центар на Обвинителството за организиран кримина, пишува порталот СДК.

Спорд пишувањата на СДК, од Истражниот центар е тргната и вратена назад во МВР и истражителката која успешно работела на случајот со издавањето на македонски пасоши на светски барани криминалци, странски државјани, за кој има пресуда.

Биле ангажирани нови исражители.

Како што претходно објавија некои медиуми наводно министрот Спасовски го чувал во фиока решението за станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”. На 25.08.2021 било издадено предлог-решение за забрана за работа. Министрот го потпишал, наводно, три дена по катастрофалната несреќа во Бугарија што се случи на 23 ноември 2021, во која изгореа 46 македонски државјани.

Advertisements

Антикорупционерите кон средината на јануари годинава побараа одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Комисијата утврди дека министерот не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, не издал наредба во предвидениот рок да ги отстранат неправилностите. Наредбата и според Државната комисија за спречување на корупцијата била издадена по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.