Загрижува фактот дека од опозицијата уште не ја научија лекцијата и живеат во оној свој паралелен свет, порача премиерот Христијан Мицкоски.
-Никако не можете да слушнете, да речеме, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. Се чудам зошто во нивните прес-конференции, доколку сакаат да бидат реална алтернатива на оваа Влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски, да го повикаат да се врати и да се соочи со правдата. Понатаму, очекувам од истата оваа опозиција да се однесува критички како сега, тогаш кога, имам чувство дека набргу високи функционери од претходнта Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството… ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, еве, не велам дека имам информација. Очекувам дека и тогаш, кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат прес-конференции и тогаш нема да велат дека е политички прогон туку ќе ги повикаат да одговараат пред органите и да ја докажуваат својата невиност, рече Мицкоски.


