Во Министерството за здравство денеска почна да функционира новиот фингерпринт систем за евиденција на работното време, како дел од поширокиот процес за поефикасно работење на институцијата и здравствениот систем во целина, објави на социјалната мрежа Фејсбук министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој објави дека заедно со членовите на неговиот Кабинет го започнале работниот ден со евиденција преку новиот систем.
„Денес, заедно со членовите на мојот Кабинет, работниот ден го започнавме со евиденција преку новиот фингерпринтс систем за работно време во Министерството за здравство“, напиша Алиу, притоа порачувајќи дека „промените започнуваат со личен пример.“


