ВИДЕО кое ќе ве насмее до солзи – Вучиќ дели дневници за митингот во Белград

Далибор Голубовиќ, комичар од Белград стана хит на социјалните мрежи откако ја отвори страницата „Дневна доза преседника“, каде што објавува видео снимки на кои го имитира српскиот претседател Александар Вучиќ. Во последните видеа се потсмева со митингот во Белград.

Денеска се одржува масовен собир на поддржувачите на Вучиќ, таканаречените сендвичари, „најголем во историјата на Србија“ и „Србија на надежта“, како што го нарекуваат Вучиќ и неговите медиуми.

Комичарот се обиде да покаже како изгледа сето тоа, па во видеото со наслов „Спонтано еднодневно патување на 26 мај“, можете да го видите Вучиќ (Далибор Голубовиќ) како и се заблагодарува на една госпоѓа што дојде.

Advertisements

„Знаете дека утре е големото еднодневно патување што го подготвувам за сите што сте дојдени од Република Српска и Бања Лука, покрај дневниците што ве чекаат подготвив и фантастична програма и двојна дневница – наместо 15.00 ќе добиете дури 3.000 динари. Ќе добиете и мала карта на Белград за да не се изгубите“, се слуша како вели и ги дава парите на госпоѓата.