Адвокатите на момчето убиец прават план како да го ослободат за еден месец

Момчето Коста Кецмановиќ (13) кој пред осум дена направи масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград се наоѓа на Клиниката за невропсихијатрија, а како што дознава порталот Република.рс, адвокатски тим подготвува стратегија за негово ослободување.

Адвокатите, пишува порталот, подготвуваат жалба во која ќе се повикаат на тестови на личноста и тестови на зрелост за да оспорат дека Коста Кецмановиќ свесно го сторил делото.

Како што дознава порталот Република.рс, за еден месец ќе бараат Коста да биде ослободен.

Advertisements

Ако не се случи тоа, планираат да ја нападнат државата за што подготвуваат тужба, а се спремаат да одат и во Стразбур.