Ајфеловата кула почна да рѓосува, вработените се кренаа на штрајк

Француските медиуми јавуваат дека вработените на Ајфеловата кула во Париз се кренале на штрајк  во знак на протест поради неодржувањето на оваа светски позната туристичка атракција која годишно ја посетуваат седум милиони туристи.

Ајфеловата кула вообичаено треба да се префарбува еднаш на секои седум години, а не е префарбана цели 14 години и почна да рѓосува“, изјави синдикалниот претставник Денис Вавасори.

Вработените велат дека Ајфеловата кула е запоставена и треба подобро да се управува, дека приходот е преценет, а трошоците за одржување се потценети, пренесува Ле паризиен.

Advertisements

„Очигледно е дека кулата е во лоша состојба“, додаде Вавасори.

Вработените кои работат 30 години во фирмата за одржување на Кулата велат дека никогаш не ја виделе во полоша состојба.

Ајфеловата кула, која се наоѓа во близина на Сена, а е изградена во 1889 година.

Кулата е висока 300 метри што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена, структурата е висока 324 метри што одговара на околу 81 спрат.

Во времето кога била направена во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, сѐ до 1930, кога била изградена Крајслеровата зграда во Њујорк.

Кулата е втората највисока градба во Франција, по 350 метарскиот Allouis longwave transmitter, изграден во 1939. Ајфеловата кула е највисоката градба во Париз.

Втората највисока градба во Париз, и четврта во Франција е Кулата Монпарнас, со 209 метри.

Металната структура на Ајфеловата кула тежи 7.300 тони, а вкупната тежина е 10.100 тони. Бројот на скали до врвот се менувал низ времето. Во почетокот во 1989, имало 1710 скали до платформата на 300.65 m; по реновирањето во раните 1980-ти, имало 1920 скали; а денес има 1665 скали (иако не е дозволено качување до горното ниво по скали – употребата на лифтови е задолжителна за посетителите над втората платформа).

Во зависност од температурата, врвот на кулата може да се помести од сонцето до 8 cm (3.25 инчи), заради ширењето на металот.

Одржувањето на кулата вклучува нанесување на 50 тони боја во три нијанси секои седум години за да се спречи ‘рѓосување. Повремено бојата се менува – моментално кулата е обоена во сива нијанса.

Секој вечер кулата ја осветлуваат 20.000 светилки. Додека свети се вели дека кулата го носи својот „дијамантски фустан”.