Амбасадорите на Европската унија го одобрија компромисниот текст за визна либерализација за Косово.
На „Твитер“ профилот на чешкото претседателство со ЕУ беше објавено дека Косово на тој начин направи чекор понатаму на европскиот пат.
#COREPERII | ✅ EU ambassadors approved the compromise text on #visa liberalisation for #Kosovo ahead of final adoption by @EUCouncil. #EU2022CZ brings Kosovo one step further on its European path. pic.twitter.com/9xHZFidj3N
— EU2022_CZ (@EU2022_CZ) December 20, 2022
Експертот за европски прашања Демуш Шаша изјави дека денеска е запечатена визната либерализација за граѓаните на Косово.
Тој додаде дека се уште има формално гласање во Европскиот парламент и Советот за внатрешни работи во првите месеци од 2023 година.
„Амбасадорите на ЕУ штотуку ја запечатија либерализацијата на визите за Косово. Ова е последниот чекор за оваа година и чекор со кој се затвора техничката процедура за визна либерализација. Во првите месеци од следната година останува само формално гласање на пленарната седница на Европскиот парламент и на Советот за внатрешни работи“, рече Шаша.