Само 20 минути пред надојдената Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обидел да го премине на другата страна објави српски Курир.
„Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродирани од поројот – тоа би било огромна трагедија, пишуваат српските медиуми.
Поплавите се смируваат, но се уште прават големи проблеми.

