Украина денеска соопшти дека руските сили се „многу далеку“ од заземање на Бахмут и дека борбите се водат околу зградата на управата на градот, додека руската платеничка група Вагнер соопшти дека таму подигнала руско знаме.
Портпаролот на Источната воена команда на Украина за Ројтерс изјави дека не е јасно каде руските сили го подигнале своето знаме и дека тврдењето на Русија за заземање на градот е лажно.
„Кренаа знаме над некаков тоалет. Го закачија на којзнае што, ја закачија својата крпа и рекоа дека го заземале градот. Па, нека мислат дека го заземале“, изјави телефонски Серхиј Череватиј.
Една од најжестоките битки во војната се случува во Бахмут. Двете страни претрпеа огромни загуби, а голем дел од градот е уништен во гранатирање.