Балканска „претприемачка“ математика – Србин украл две слики од Пикасо вредни 75.000 франци, а ги продал за 150 евра

Српски државјанин (37) е осуден во Швајцарија на четири ипол години затвор за грабеж на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година и ги продал на пазар за 150 евра.

Грабежот се случил кога двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пикасо. Украдениот плен бил вреден вкупно 75.000 франци.

Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста.

Advertisements

Сликите беа лажни, па ги продадов за 150 евра на пазар, изјавил разбојникот на суд и се расплакал.

Како што изјавил, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Кажал и дека не сакал ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството, односно ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи.

Судот изрече казна затвор од четири и пол години и тој ќе мора да ја напушти Швајцарија на десет години.