Хирурзи, анестезиолози и педијатри шест часа се обидувале да ја спасат раката на момчето во операционата сала на КБЦ Загреб, но четири прсти биле целосно уништени и сите напори на лекарите не успеале.
Заменик-директорот на КБЦ Загреб, д-р Миливое Новаке изјави дека детето во моментов се лекува на одделението за детска интензивна нега.
Детето се уште е интубирано, бидејќи освен раката му се оштетени и дишните патишта – чадот влегол, па дошло до проблеми при вметнување на тубата пред операцијата, пренесува Јутарњи лист.
Наводно, момчето во раката држело петарда долга десет сантиметри и три инчи, а успеало да ја запали со кибритчиња, што предизвикало силна експлозија и му нанело тешки повреди.
Лекарите посочуваат дека за секунда детето станало инвалид, а лекувањето ќе биде долго и тешко.