Беше најдобра, неповторлива, кралица на рокенролот – почина Тина Тарнер

Тина Тарнер почина на 83 години, по долга  болест. Тажната вест ја соопшти нејзиниот ПР тим.

Кралицата на рокенролот зад себе остави безвременски хитови, а животот на оваа дива е неверојатна приказна која не можеше да се случи ниту на филм.

„Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“ почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија“,  се вели во соопштението.

Advertisements

Со еден збор таа беше најдобра не само поради неверојатно енергичните настапи и нејзината голема способност да ја воодушеви публиката на уникатен начин, како што дотогаш не успеала ниту една жена од музичката сцена, туку пред се и поради неверојатно моќниот глас.

Тина Тарнер е родена во 1939 година во САД.
Таа беше една од најпопуларните рок пејачки, позната по настапите во живо и големите хитови како што се: „The Best“, „Proud Mary“, „Private Dancer“ i „What’s Love Got to do With It“ и многу други.