Спроведувањето на европскиот пат за нормализација на односите меѓу Косово и Србија сега е обврска на Белград и Приштина, а Европската унија внимателно ќе го следи, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пред почетокот на состанокot на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата во Брисел.
„Што се однесува до Косово и Србија, одржавме долг разговор кој заврши со договор кој ќе биде составен дел од европскиот пат за двете страни. Тоа ќе биде дел од преговарачкото поглавје – поглавје 35 во преговорите со Србија и ќе биде вклучено во документот за нормализација и во барањата кон Косово“, рече Борел.
„Значи, сега е нивна одговорност и внимателно ќе ја следиме имплементацијата. Двете страни се согласија и се обврзаа да го направат тоа, а сега внимателно да гледаме како ќе се одвива“, додаде тој.