Сакам да формирам влада со Продолжуваме со промените (ПП) која настапи заедно со Демократска Бугарија (ДБ). Имаме многу јасни задачи – влада меѓу овие две партии, даваме сè од себе. Ова е најдоброто за Бугарија, изјави Бојко Борисов, поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ на прашање како би се снашол со Кирил Петков и Асен Василев, јавуваат бугарските медиуми.
Коалицијата ГЕРБ-СДС на изборите победи со тесна разлика пред партијата на Петков. Коалицијата на Борисов освои 69 пратенички мандати, а таа на Петков само пет помалку.
Има и друга опција, но не е доволна“, објасни Борисов.
Денеска, додаде тој, ќе формираме две комисии од двете групи – правна и финансиско-буџетска за разгледување на буџетските програми.
„Наш главен приоритет е влада меѓу ГЕРБ и ПП. Подготвени сме на многу компромиси“, вели првиот човек на ГЕРБ.
Од друга страна пак, Продолжуваме со промените, претходно изјавуваа дека немаат намера да влегуваат во ваква коалиција.
И Василев повтори дека нема да поддржат владин кабинет во кој ќе биде и ГЕРБ.