Брнабиќ со апел до јавноста: „Ве молам не споделувајте слики и видеа од убиените деца“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ апелираше да не се објавуваат слики и видеа од децата кои загинаа во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

„Ги замолувам сите да не ги споделуваат видеата и фотографиите од убиените деца од Рибникар што денеска (без да ги замаглат!) ги објавија одредени „новинари“ Билјана Лукиќ и политичарот Рада Трајковиќ. Ова е врв на срамот, злоупотреба, непочитувањето на жртвите и нивните семејства. Ве молам, немојте“, повика премиерката Брнабиќ на социјалните мрежи.

Во друг пост таа објасни дека станува збор за прекршување на повеќе закони и дека се нехумани ваквите постапки.

Advertisements

„Ова е, исто така, кршење на повеќе закони во однос на неовластено споделување на лични и чувствителни информации, заштита на правото на приватност (особено во овој тежок момент за семејствата), како и други права на семејствата. Исто така е нехумано. Постои причината зошто тие фотографии се заматени“.