Брнабиќ со драматичен повик за мир на Косово – „Ние навистина сме на раб на оружен судир“

Мојата последна молба, а се однесува на европските интеграции и е исклучително важно за нашите европски интеграции, е во овој момент да дадеме сè од себе, сите заедно, да се обидеме некако да го зачуваме мирот, рече во своето обраќање премиерката Ана Брнабиќ на седницата на Националната конвенција за Европската Унија во Србија.

„Ние навистина сме на раб на оружен судир, благодарение на унилатералните потези на Приштина. Јас ве молам, пред сè организациите од цивилното општество, чија основна цел е заштита на човековите права, да се огласите по повод тортурата низ која минуваат Србите на Косово и Метохија“, рече Брнабиќ.

Според српската премиерка, адвокатот на уапсениот поранешен припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ 12 дена не може да дојде во контакт со својот клиент.

Advertisements

Таа објасни и дека тоа е причината за поставувањето на барикадите на северот на Косово.

„Верувам дека заемно се нервираме, но важен е дијалогот“.