Речиси 16.000 луѓе загинаа, а десетици илјади се повредени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, покажуваат најновите податоци објавени од официјални лица во тие земји.
Спасувачките тимови трагаат по преживеани во илјадници рушевини од згради, и покрај студеното време и по 125 последователни потреси во регионот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган призна дека имало пропусти во реагирањето на државата на почетокот на трагедијата, но оцени дека ситуацијата сега е под контрола.
Во меѓувреме, западните санкции ги отежнуваат напорите за испорака на помош за Сирија.