Бројот на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија продолжува да расте од час во час, а спасувачките тимови се обидуваат да спасат што е можно повеќе луѓе од под рушевините.
Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините, а сега официјално е потврдено дека повеќе од 41.000 луѓе ги загубиле животите и речиси 100.000 се повредени. Никогаш во историјата на Турција не се случила ваква катастрофа.
За жал, во несреќаат и многу млади животи згаснаа. Под урнатините се пронајдени четири одбојкарки, Гозде Озтурк, Ахсен Бас, Дилек Муцук и Ирем Куртоглу.
„Со длабока тага дознавме дека во земјотресот загинаа спортистки од одбојкарскиот тим Расус Кимија Хатаи – Гозде Озтурк, Дилек Мучук, Ахсен Бас и Ирем Куртоглу. Господ да ги помилува нашите спортисти и сите наши граѓани кои ги загубија животите. Нашето сочувство до нивните семејства и нашата нација, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението на турските одбојкарска федерација.
Malatya İli Gözlemcilerimizden İlhan Uğur’un ağabeyi ve ailesinin deprem felaketinde vefat ettiklerini derin bir üzüntüyle öğrenmiş bulunmaktayız.
Hayatını kaybeden tüm yurttaşlarımıza Allah’tan rahmet; aileleri ve milletimize başsağlığı, yaralılarımıza acil şifalar dileriz.
— Türkiye Voleybol Federasyonu (@TVForgtr) February 15, 2023