Српкиот портал „Блиц” повикувајќи се на информации, како што вели, од сигурен извор, на местото на трагедијата во Белград биле пронајдени осум деца и еден чувар без знаци на живот.
„Кога дојдовме на терен затекнавме осум повредени, чуварот беше мртов. На Итната помош се примени четири деца кои се во операциона сала, едно лице е во животна опасност. Цела Брза помош плаче, ние се тресеме“, велат за „Блиц“ од медицинската служба.
Но, тоа не мора, како што велат да значи дека толку многу загинале и дека ова ќе биде конечниот биланс на загинатите. Исто така, не се знае каква е моменталната состојба на оние кои беа пронајдени со знаци на живот, а кои се тешко повредени.
Како што пренесе Блиц, професорката по историја, едно девојче и неидентификувано лице во моментов се бори за живот.