Убијците Коста.К и Урош.Б чии злосторства ја потресоа Србија и регионот вежбале пукање во исто стрелиште, објави „Информер“.
Коста.K. кој уби осум ученици и чувар во стрелиштето доаѓал во својот татко, а Урош.Б од Младеновац често доаѓал сам.
Српската полиција допрва ќе испитува дали двајцата убијци се познавале и дали имале контакти лично или преку социјалните мрежи бидејќи е неверојатна сличноста на убиството и временскиот интервал.
Сопственикот на приватното стрелиште „Партизан“, во кое членувал таткото на Коста, Владимир, на сослушувањето негираше дека момчето некогаш пукало во неговиот објект.
Иако му биле презентирани докази во вид на слики и видеа дека и Владимир и Коста вежбале да пукаат кај него, сопственикот се држел на својата приказна, тврдејќи дека никогаш не ги видел. Кога од него побарале снимки од безбедносните камери од стрелиштето, сопственикот рекол дека камерите не работат подолго време. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.