„Денес плачеме по деца кои не го ни почувствуваа животот“ – Србија се збогува со жртвите во двата масакри

Србија денеска погребува 10 жртви од двата масакри што се случија во текот на два дена.

Во Белград ќе бидат погребани четворица ученици и училишниот чувар што ги уби момчето Коста Кецмановиќ (13) во крвавиот напад на основното училиште „Владислав Рибникар“.

Петтемина другари ќе бидат погребани во Орашај. Тие беа убиени од Урош Блажиќ во масакрот кај Младеновац.

Advertisements

На гробиштата Лешча беше погребан обезбедувачот Драган Влаховиќ, кој трагично загина на 3 мај. Го испратија стотици луѓе, меѓу кои сегашни и поранешни ученици кои дојдоа да се простат од Драган.

Девојчето А. Б е исто така погребано, а денеска требаше да го прослави 14-тиот роденден. Таа на 3 мај беше една од дежурните ученички која заедно со Драган беа првите жртви на Коста.

„Ова мало девојче не го живееше својот живот за да можеме да зборуваме за нејзините дела и вредности што ги правеше во животот, таа само зачекори во животот без да се сомнева во ништо. Денес треба само да плачеме и да молчиме, а сепак не смееме да молчиме пред злото, треба да се трудиме да го спречиме да се размножи. Треба да плачеме по деца кои не го ни почувствувале животот, а излегуваат од него“ – рече свештеникот на погребот на девојчето К.М.

Повеќе од 200 луѓе се собраа и пред капелата на Новите гробишта за да го испратат девојчето К.М. (14) која беше убиена на часот по историја.

На белградските гробишта денеска беа погребани К.М. (14), Е.К. (14) А.Д.(14) М.А. (14) и Драган Влаховиќ (51) кај Лешче.

Во Мали Орашје погребите на петтемина другари ќе бидат извршени во 14 часот на градските гробишта.

За два дена во Србија загинаа 17 лица. Девет од нив загинаа во дивеењето на момчето во училиштето во Белград, додека Блажиќ уби осум лица кај Младеновац.